Search

Проекција на филмовите на Киро Урдин во рамки на изложбата „Духовите на Африка“

Проекција на филмовите „Догона“ и „Оган и вода“ на Киро Урдин, во рамки на изложбата „Духовите на Африка“, ќе се одржи во кино салата на Музеј на Македонија утре, 12 декември, во 20 часот. Филмовите на Киро Урдин се директно поврзани со Африка, каде престојуваше додека ги снимаше, особено меѓу народот Догон во Мали.

На проекцијата ќе присуствува целата екипа што ги изработи филмовите, режисерот Киро Урдин, снимателот Владимир Петровски-Картер, композиторите Венко и Васко Серафимови, а модератор на настанот ќе биде Влатко Галевски, филмски критичар. По проекцијата ќе се одржи едно од последните групни водења низ изложбата „Духовите на Африка“.

 

Треба да знаете
Последни објави