Search

Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ позитивна на Ковид 19

Пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на Ковид-19, потврдуваат од пратеничката група.Според информациите на МИА, таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, но две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.

Јадранка Поцкова е позитивна на коронавирус, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од партијата, која сè уште не попушта за работа на Собранието од далечина. Таа веќе ги троши последните денови од задолжителната изолација и наскоро ќе се врати на работа во Собранието.

Покрај неа, во изминатите денови беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 се и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ.

Претходно, пак, инфициран со коронавирусот беше и Арбен Зибери, кој за изборот на Влада гласаше од посебна просторија во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави