Search

Полицијата казнила 49 мотоциклисти во Скопје

Полицијата изминатата ноќ во зајакната акциска контрола казнила 49 несовесни мотоциклисти во Скопје.

Како што информираат од МВР, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 18 до 24 часот спровело акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Полицијата открила 49 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци и издадени им се исто толку прекршочни платни налози.

Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози.

 

Треба да знаете
Последни објави