Search

По невремето во Тузла – прогласена состојба на природна непогода

Градскиот кризен штаб за Цивилната заштита на Тузла синоќа прогласи состојба на природна непогода на вонредна седница, по невообичаено невреме што го зафати овој град во Босна и Херцеговина..

Првите информации покажуваат дека штетата во овој град е исклучително голема, а сите расположиви екипи се на терен, пренесува порталот Kликс.

Во Тузла синоќа паднаа 70 литри дожд на метар квадратен за 40 минути, што доведе до големи поплави и предизвика значителна материјална штета во целиот град.

Екипи од противпожарната служба испумпуваат вода надвор од зградите во градот, а одводите се чистат.

Синоќа, после еден час на подрачјето на Тузла, се случи целосен колапс, поради силниот дожд проследен со засилен ветер и грмежи. За неколку минути беа поплавени градските улици, автомобилите тешко се движеа, а ветрот кршеше дрвја.

Исто така, поплавени се десетици станбени и деловни згради, а некои населени места се без струја и вода.

Треба да знаете
Последни објави