Search

Пешиќ: Ситуацијата во Југославија беше многу посериозна од оваа во Каталонија

Тренерот на кошаркарскиот клуб Барселона, Светислав Пешиќ, даде мислење за инцидентите во Каталонија, и кажа дека тоа не е ништо во споредба со случувањата во неговата земја во минатото.

Веќе неколку дена траат протестите во Барселона, Каталонците бараат ослободување од затвор на сепаратистите, кои бараат осамостојување од Шпанија. Вчера гореа делови од градот, имаше судири со полицијата, а општиот штрајк е организиран на повик од синдикати кои заговараат независност на Каталонија.

– Јас сум од Југославија, која веќе не постои. Кај нас, ситуацијата беше многу посериозна отколку тука во Каталонија. Имам многу пријатели, некои сакаат независност, некои не. Јас сум само тренер, но сите сме под влијание на публиката, истакна Пешиќ, кој ги поддржува протестите, но не и насилството. 

Треба да знаете
Последни објави