Search

Пет починати и 102 нови случаи на коронавирус

Пет лица починаа, а потврдени се 102 нови случаи на коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Починатите пациенти се од Скопје (70 години), Кичево (72г.), Куманово (64г.), Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.). Од МЗ информираат дека сите пациенти се починати во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 1.356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 од кои најголем број се во Скопје-39, Куманово-11 и Штип-13. Во Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4.

Направените 1356 теста се преку: ИЈЗ- 416, ЦЈЗ Скопје- 36,  Авицена- 112, Биотек- 116, МАНУ -187, Жан Митрев (Филип Втори)- 274, Систина со PCR метода -139, Судска медицина -13, ЦЈЗ Битола-47, Инфективна клиника-4, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 97550 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Скопје 4699 дијагностицирани од кои 1865 се активни, во Куманово 1002 од кои активни 294, во Дебар 192 со активни 124, Штип има 774 дијагностицирани и 419 активни, Прилеп 327 со 55 активни, Тетово 1000 дијагностицирани, а 270 активни, Струга 418 од кои активни се 191, Велес 212 и 20 активни, Битола 122 дијагностицирани и 65 активни, Охрид 265 од кои 99 се активни, Кавадарци 51 со 34 активни, Гостивар 393 дијагностицирани и 240 активни, Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци), Струмица 35 дијагностицирани и 23 активни, Крива Паланка 22 со осум активни, Радовиш 29 со 24 активни, Крушево 15 со девет активни, Кочани 96 и 23 активни, Пробиштип 48 со 29 активни, Демир Хисар 25 со 23 активни, Македонски Брод 16 со 12 активни, Пехчево шест дијагностицирани, Берово четири со еден активен, Валандово шест дијагностицирани, Виница осум со  четри активни, Делчево 5, со 4 активни (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица), Кратово 13 со осум активни, Свети Николе 220 дијагностицирани од кои 192 активни, Кичево 124 со 92 активни, Ресен 143 со 39 активни и Неготино 23 дијагностицирани со три активни (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 262
• Аеродром – 205
• Бутел – 128
• Гази Баба – 193
• Центар – 150
• Карпош – 165
• Сарај – 105
• Кисела Вода – 179
• Ѓорче Петров – 129
• Студеничани – 92
• Шуто Оризари – 125
• Арачиново – 36
• Илинден – 25
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 21
• Зелениково- 8
• Странец – 8
• Нераспределен- 3

Треба да знаете
Последни објави