Search

Пендаровски и Спасовски со сочувство за турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во Турција во кој засега 20 лица го загубија животот, а над 900 се повредени.

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите лица во земјотресот во Турција. Солидарност со Турција и турскиот народ“, напиша Пендаровски.

Спасовски, пак, напиша дека нашите мисли се со народот и подготвени сме да помогнеме.

„Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме“, се вели во статусот на премиерот Спасовски.

Турција вчера ја погоди земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала.

Треба да знаете
Последни објави