Search

Општина Бутел со цвеќе и песни го одбележа 110 роденден на Вапцаров

Општина Бутел денеска го одбележа 110-от роденден на поетот и револуционер Никола Јонков Вапацаров.
Грдаоначалникот Велимир Смилевски положи свежо цвеќе пред споменикот на поетот и револуционер, Никола Јонков Вапцаров, кој се наоѓа пред општинската зграда. Исто така, со свежо цвеќе почит му оддадоа и претставниците на основните училишта, на невладините организации и бројни граѓани.
По овој повод градоначалникот Смилевски истакна, дека е горд што личност како Вапцаров е патрон на Општина Бутел, чиј лик и дело треба да го чествуваме, негуваме и никогаш да не го заборавиме.
Потоа, во големата сала на Општина Бутел се одржа пригодна свеченост, на која настапија: Хорот на Здружението на пензионери на Општина Бутел, КУД ,,Плетеница“ и  ученици од ОУ ,,Живко Брајковски“,.

Треба да знаете
Последни објави