Skip to main content
Хроника

Ќерка нападнала мајка со чекан додека спиела!

05/12/2024  09:56

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен акт за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2, а во врска до член 19 (во обид) и во врска со член 12 став 2 (битно намалена пресметливост).

Согласно извршените вештачења е утврдено дека обидот за убиство го сторила во услови на битно намалена пресметливост предизвикана од психички растројства, повеќестепена употреба на лекови и психоактивни супстанции.

Бидејќи се уште постојат законските основи, јавниот обвинител до Основниот суд во Кавадарци достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетата.