Search

Николовски: Не гледам потреба за широка коалиција

Не гледам потреба за широка коалиција, посебно не кога имаме јасен победник на изборите со повеќе опции и варијанти за составувањето на новата влада вели генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во интервју за Локално.

За информациите дека е можно да се прифати премиер на ротација, Николовски смета дека ова не е време ниту за нови предвремени избори, ниту за технички влади, ниту за ротации.

– Ова е време за стабилна влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ, посочи тој.

Во однос на изјавата на вицепремиерот Бујар Османи дека тие одлучуваат која македонска партија ќе влезе во владата на ДУИ, генералниот секретар на СДСМ смета дека ова било „непотребна ароганција“, која низ годините стотици пати се покажала како штетна по националните интереси.

-ДУИ има 15 пратеници и ние тоа го почитуваме, но од такви изјави немаше потреба, смета Николовски.

На прашањето како го ценува влегувањето на Левица во парламентот и нивниот резултат, тој им посака добредојде, но и дека граѓаните во поголемиот број гласале за влез во НАТО и продолжување на преговорите со ЕУ и секој кој игра малку подолгорочно на поинакви карти нема да има светла иднина во политичкиот живот.

Треба да знаете
Последни објави