Search

Наплив на пребарувања за „преселба во Канада“ на Гугл по претседателската дебата

Првата претседателската дебата во САД може да ги испрати Американците кон север наместо кон гласачките кутии, пишува „Њујорк пост“.

Пребарувањата на Гугл за преселба во Канада се појавија по претседателската дебата во 2020 година меѓу претседателот Доналд Трамп и кандидатот на демократите, Џо Бајден.

Барањата за „како да се аплицира за канадско државјанство“ вртоглаво се зголемија околу еден час по почетокот на натпреварот во викање меѓу Трамп и Бајден, достигнувајќи кулуминација околу 22:30 часот, според податоците на Гугл.

Пребарувањата биле најпопуларни во Масачусетс, Охајо и во Мичиген. „Како да се преселите во Канада“ и „да се преселите во Канда“, исто така, доживеаја наплив на пребарувања за време на дебаклот од дебата, која беше полна со прекини, недовршени поенти и непријатни напади.

„Навиваме за сите вас од оваа страна на границата! Ќе успеете!“ напиша еден корисник на Твитер.

Другите Канаѓани не беа толку поддржувачки настроени.

„Извинете, изградивме ѕид на нашата јужна граница“, се пошегува друг.

Треба да знаете
Последни објави