Search

Меси ги обнови тренинзите со Барселона

Капитенот на Барселона, Лионел Меси денес ги обнови тренинзите со својот тим, пренесуваат шпанските медиуми.

Аргентинецот сè уште нема одиграно ниту една минута оваа сезона, откако претрпе повреда на својата прва тренинг сесија со „блаугранас” по летната пауза.

Иако сите очекуваа Лео да биде на теренот во второто коло против Бетис, неговата повреда се искомплицира и тој повторно беше аут од сметките на Ернесто Валверде.

Не е јасно дали „Ла Пулга” ќе патува за Германија за претстојниот натпревар со Борусија Дортмунд од ЛШ во вторникот вечерта.

Валверде сепак, веројатно, нема да брза да го пушти во игра.

Треба да знаете
Последни објави