Skip to main content
Магазин

Лицата од „Генерацијата Зед“ претпочитаат нематеријални подароци

07/12/2024  18:27

За лицата од „Генерацијата Зед“, се вели, размислуваат „вон рамките“, па и подароците за нив треба да бидат такви… Тие млади луѓе се прилично пребирливи, но знаат што сакаат.

Следат неколку идеи за подароци за помладите.

Пред сѐ, за „Генерацијата Зед“, концертите, културните и спортските настани се својствен начин на забава. Затоа, наместо класични подароци како козметика или технолошки уреди, влезници ќе бидат добро искористен подарок. Тоа е можност за заедничко искуство и спомени коишто ќе траат многу подолго од кој било материјален подарок.

Ако не сте сигурни за кој настан да биде билетот, т.е. ако не го знаете неговиот или нејзиниот вкус, може да се смисли начин на којшто тој / таа ќе може да избере што сакаат да искусат. Таков начин е практична и безбедна кредитна картичка за секојдневна употреба. За помладо лице од „Ген З.“, ова може да бидат и првите финансиски чекори кон самостојноста, независноста и слободниот избор.

И друштвените игри се секогаш добра идеја. Овие подароци го поттикнуваат дружењето.