Skip to main content
Спорт

Лирен и Домараџу ремизираа во десеттата партија од мечот за светската шаховска круна

07/12/2024  18:04

Актуелниот светски шампион Кинезот Динг Лирен и победникот на турнирот за кандидати Гукеш Домараџу од Индија изедначија во десеттата партија од мечот за титулата светски шампион во шах.

По десет натпревари резултатот е израмнет – 5:5. Единаесеттиот натпревар ќе се одигра на 8 декември.

Мечот за шаховска круна се состои од 14 партии со класична контрола на времето: 120 минути за првите 40 потези, потоа уште 30 минути со дополнителни 30 секунди по секој потег. Победникот на натпреварот може најрано да се одреди доколку некој од шахистите постигне 7,5 поени пред 14-та партија. Доколку биде 7:7 по 14 партии, тогаш на 13 декември шахистите ќе играат тајбрејк.