Легендарниот Мото ГП возач, Валентино Роси на крајот на минатата година се повлече од ова натпреварување во кое мина над 25 години.
Но, тој нема да ги напушти адреналинските спортови и овој пат ќе биде на тие со четири тркала. Италијанецот ќе вози за ВРТ тимот во натпреварувањето ГТ Ворлд челинџ, кое што има десет трки низ Европа.
-Возбуден сум што ќе започнам ново поглевје во мојот живот и ќе се пробам на трките со четири тркала. Се надевам дека нема да го разочарам тимот и дека ќе има приближно добри резултати како во мојата Мото ГП кариера, изјави Роси.