Search

Конзервативците на Џонсон собраа за изборите 5,7 милиони фунти за шест дена, Лабуристите само 218.000 фунти

Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон собра 26 пати повеќе политички донации од главната опозициска Лабуристичка партија во првата недела од официјалната изборна кампања.

Конзервативците собраа 5,7 милиони фунти за шест дена од 6 ноември, а лабуристите само 218.500 фунти пред предвремените избори на 12 декември, објави изборната комисија.

Конзервативците добија 87 отсто од сите донации на политичките партии во тој рок.

Коментирајќи ги податоците, лабуристите истакна дека конзервативците биле финансирани од супербогати, банкари и големи корпорации, додека стотици илјади обични граѓани ним им донирале пари.

Кога станува збор за помалите партии, проевропските ориентирани либерални демократи собраа 275.000 фунти, а партијата Брегзит на Најџел Фараж доби 250.000 фунти од страна на бизнисменот Џереми Хоскинг.

Треба да знаете
Последни објави