Search

Ивановски не успеа да се пласира во полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон

Македонскиот тенисер Калин Ивановски не се најде помеѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот дел од Грен слемот Вимблдон.

Македонецот попладнево загуби од Шпанецот Педро Роденас (Шпанија) со 2:1.

Во меч што траеше два часа, Ивановски го доби првиот сет со 6:3, вториот го загуби на тај-брејк со 6:7 (5:7), а третиот со 4:6.

Роденас во полуфиналето ќе се сретне со Хрватот Мили Пољичак.

Треба да знаете
Последни објави