Search

Земај бара преиспитување на одлуката за задолжителни тестови за Косовците кои влегуваат во Македонија

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај денеска побара Северна Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни ПСР тестови за влез на граѓаните од Косово во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Земај на Фејсбук напиша дека одлуката на македонската Влада им штети на косовските граѓани и на бизнисот.

Тој додаде дека побарал од Амбаса на Косово во Северна Македонија да ги контактира властите за изнаоѓање на решение.

– Побарав од амбасадорот Џерџ Дедај да се обрати до надлежните органи и да им го пренесе нашиот став за потребата за соработка на нашите држави со цел да се надмине пандемијата и за заедничка координација во борбата против коронавирусот, истакна Земај.

Треба да знаете
Последни објави