Search

Засадени 25 јасенови дрва во ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел

Денеска,четврток, 21.02.2019 г. во школскиот двор на ОУ ,,Живко Брајковски,, беа засадени 25 јасенови дрва.

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, директорката на училиштето, заедно со учениците и наставниците од секцијата по биологија учествуваа во овој еколошки хепенинг за поубава и позелена еколошка средина.

Учениците се обврзаа дека ќе ги негуваат и наводнуваат засадените дрва. Оваа и повеќе други нивни пораки беа поставени  до стеблата на јасените. Најискрена и најдетска беше пораката: Засади дрво, засади цвет за поубав свет.

Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека овие 25 јасенови дрва се само дел од активностите за хортикултурно и содржинско уредување на огромниот двор на ова училиште. Денешните акттивности треба да бидат поттик за учениците, нивните родители и наставниот кадар за негување и чување на животната средина.

Треба да знаете
Последни објави