Search

Забрчанец: Мицкоски се расфрла со терминот кредибилитет мислејќи дека со тоа ќе си го зголеми сопствениот

Мицкоски се расфрла со терминот кредибилитет мислејќи дека со тоа ќе си го зголеми сопствениот. Ајде малку едукација за него, од теоријата на политичко застапување:

Што е легитимитет? Се однесува на поддршката, односно на бројката со која застапуваш одредена политичка позиција или најкратко “Кој ти дал право?”.

Што е кредибилитет? Се однесува на веродостојноста, односно логичката и стручна подготовка со која застапуваш одредена политичка позиција или најкратко “Зошто да ти се верува?”.

Е сега, тој вика дека тој имал најголем кредибилитет да прави Влада.

Има ли Мицко кредибилитет? Може ли да му се верува?

Има ли Мицко легитимитет? Има ли најмногу освоени гласови и пратенички мандати на овие избори?

Математички прецизно.

Треба да знаете
Последни објави