Search

Дортмунд и официјално си го врати Хумелс

Матс Хумлес (30) е повторно играч на Борусија (Дортмунд). Трансферот беше потврден и од „жолто-црните”.

Централниот дефанзивец играше за тимот од „Сигнал Идуна Парк” од 2008 до 2016 година, потоа премина во баварскиот тим и сега се враќа во Дортмунд.

За три сезони во тимот во Минхен, Хумелс одигра вкупно 116 натпревари на сите турнири, постигнувајќи осум гола и освојувајќи седум трофеи. Медиумите во Германија тврдат дека од Борусија ќе платат на Баерн за трансферот околу 38 милиони евра.

Германецот има 309 натпревари за Дортмунд, во кои освои две титули во Бундеслигата и загуби едно финале во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави