Search

Детето со церебрална парализа напуштено од мајката сместено во мал групен дом

Министерството за труд и социјална политика информира дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на  11-годишното дете со церебрална парализа.

За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом.

Претходно МВР информираш дека мајката, охриѓанка, го напуштила своето дете.

Според информациите на СВР-Охрид, вчера во полиција телефонски било дојавено дека С.В.(39) од Охрид, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен. Против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Игор Блажески од Охрид за „Слободен печат“ вели дека и мајката и таткото на малолетникот си заминале, едниот пред месец дена, а другиот пред недела дена, оставајќи го детето во негова заштита, иако нему му треба сериозна помош бидејќи не е ниту компетентен за да одредува терапија, ниту пак знае како да се грижи за пациент со ваква тешка болест.

Блажески за „Слободен печат“ тврди дека во Центарот за социјални работи – Охрид му рекле дека не можат да го згрижат малолетникот додека за тоа писмена согласност не даде барем едниот од родителите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави