Search

Ден на национална жалост во Шри Ланка, загинаа 310 лица

Во Шри Ланка денеска Ден на национална жалост поради смртта на 310 лица кои загинаа во бомбашките напади во неделата.

Земјата е во вонредна состојба, а целата нација денот го почна со триминутно молчење за да оддаде почит на загинатите.

Националните знамиња се на половина копје, продавниците за алкохол се затворени, а радијата и телевизиите ќе емитуваат само сериозна музика.

Треба да знаете
Последни објави