Search

Деветтата ликовна колонија ,,Љубанци 2019,,

Вчера во Општина Бутел (голема   сала), беше отворена ликовната изложбана делата од деветтата ликовна колонија ,,Љубанци 2019,,. Станува збор за 28 дела на 19 ликовни уметници учесницина   последната ликова   колонија, што   веќе   традиционално,   сеодржува во живописното Љубанци.
Љубителите   на   ликовната уметност ќе имаат можност да видат: 25 слики, две скулптури вометал и една скулптура во дрво.
На  последната  ликовна  колонија, покрај   нашите реномирани  ликовни  уметници како   што   се:   Данчо   Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев, Оливер Настески, ГоцеБожурсаки, Ели Чочова  и  други,   учествуваа и уметниците  од Србија: Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ.
На изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог:   Деветта   ликовна   колонија   ,,Љубанци   2019,,   во   кој   се презентирани уметниците и нивните дела.
На   изложбата   беа   наградени   и   најубавите   четири детски   цртежи   насликани   на   ,,Детскиот   ден,,   во   рамките   наликовната колонија.
Треба да знаете
Последни објави