Search

Двократната европска шампионка во кревање тегови од Романија дисквалификувана осум години поради допинг

Двократната европска шампионка во кревање на тегови, Романката, Кристина Јову е суспендиран на осум години за кршење на правилата за анти-допинг, според веб-страницата на Меѓународната федерација за кревање тегови (ИВФ).

Како што се наведува во информацијата, суспензијата на 27-годишната Јову ќе се смета од 15 декември 2018 година. Романката беше дисквалификувана поради замена на крв за тетстирање.

Јову е освојувачка на бронзениот медал на Олимписките игри во 2012 година во категорија тежина до 53 кг.. Подоцна, МОК ја лиши од наградата поради позитивен допинг тест.

Треба да знаете
Последни објави