Search

Годишна средба на сточарите

Во организација на земјоделско-сточарското здружение „Агро центар” од Велес, денеска во село Теово, општина Чашка, ќе се одржи 9. средба на сточарите, како и на претставници од локални земјоделски здруженија во Македонија.

Сумирани ќе бидат резултатите од годинашното работење, но ќе стане збор и за ефектите од соработката со Министерството за земјоделство.

Сточарите ќе ги соопштат насоките за натамошно дејствување со оглед дека, како што велат, на оваа гранка од земјоделството не и се посветува доволно внимание.

На средбата е најавено присуство на директорот на Јавното претпријатие за пасишта  Љујзим Фејзулаху и на градоначалникот на општина Чашка.

Треба да знаете
Последни објави