Search

Гвардиола: Дали требаше да добиеме пенал? Прашајте ги судијата и ВАР-собата…

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше задоволен со играта на неговата екипа, но не и со судењето на мечот против Ливерпул на „Енфилд“, кој го загубија „граѓаните“ со 1-3.

Гвардиола во текот на мечот збесна неколку пати поради судиските одлуки, а сметаше дека неговиот тим двапати требало да добие пенал.

„Тоа што се случи денеска е доказ дека сме шампиони. Горд сум на својот тим повеќе од било кога. Можеме да бидеме горди на тоа како игравме против најсилната екипа во Европа. Прашајте ги судиите, не ме прашувајте мене. Прашајте го Мајк и момците од ВАР дали требаше да добиеме пенал“, порача Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави