Search

Во Србија едно лице почина и потврдени се 62 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа едно лице починало во Србија од коронавирусот, така што вкупниот број на жртви е 739, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 7.411 лица се тестирани, а регистрирани се 62 нови позитивни случаи. Постојат 20 пациенти на респиратори.

Од почетокот на епидемијата, 32.757 случаи се потврдени во Србија. Вкупно хоспитализирани се 331 лице.

Стапката на смртност е 2,26 проценти.

До 15 часот на 18 септември, во Србија биле тестирани вкупно 1.063.677 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот.

Треба да знаете
Последни објави