Search

Во Словенија 14 нови случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 14 нови случаи на коронавирус од направени 919 тестови. Не се регистрирани смртни случаи од Ковид-19, објави словенечката влада.

Ова е ист број на пациенти како претходниот ден, кога се регистрирани 14 случаи на 874 тестови и еден смртен случај.

Во моментов во Словенија на лекување се 21 пациент, што е за четири повеќе од претходниот ден, а тројца се на интензивна нега, соопшти Министерството за здравство.

Нови случаи во последните 24 часа се откриени во 13 различни општини.

Од почетокот на епидемијата во Словенија се потврдени 2.115 случаи на коронавирус, во моментов има 237 активни случаи, а 117 лица починале.

Треба да знаете
Последни објави