Search

Внимавајте! Фејсбук страницата „Следиме“ е извор на манипулации и дезинформации

Фејсбук страницата Следиме веќе подолго време е извор на лажни вести, дезинформации. Последен случај е со ширењето на лага со стара фотографија од 2019 година, на која директорката на УЈП, Сања Лукаревска е на фризер, а јавноста се манипулира дека тоа се случува сега, додека треба да биде во самоизолација. Оваа вест ја споделуваат повеќе портали, страници профили на социјалните мрежи, кои постојано, подолго време наназад, учествуваат во оркестрирано и масовно ширење на дезинформации, дел од специјална хибридна војна на познати центри на моќ во земјава но и надвор од неа, чија цел е нарушување на стабилноста и безбедноста на државата. Дека ова не е првпат „Следиме“ да учествува во овие оркестрирани манипулации на јавноста, сведочат и други објави на оваа ФБ страница. Вчера (03.06.2020), на пример „Следиме“ ја објави дезинформацијата дека Грција воведува таргетирана забрана за влез кај нашите соседи за неколку општини од Северна Македонија. Секој ден на оваа ФБ страница се редат лаги и манипулации, за поттикнување меѓуетничка омраза, плаги за наводни злоупотреби при јавни набавки, секојдневни обиди за дискредитации, навреди и омраза кон јавни личности или пак функционери на Социјалдемократскиот сојуз. Апел до јавноста, да се држи настрана и да не ги чита и споделува лагите пласирани на оваа ФБ страница, како и да ги пријавува редовно до администраторите на социјалните мрежи, но и до нашите надлежни органи. Овој хаос со лажни вести со цел дестабилизирање и нарушување на нашата демократија – мора да престане!

 

Треба да знаете
Последни објави