Search

ВМРО-ДПМНЕ: Од Филипче има само пиар во борбата против корона, затоа треба да даде оставка

Филипче по девет месеци од корона кризата само брои новозаболени и починати од КОВИД – 19, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче по девет месеци како да не го гледа дебаклот што се случува.

Филипче сега му текна дека треба да прави реогранизирање на здравството, па сега разговарал со лекари, со студенти по медицина со цел да се зајакнел системот и да помогнат. И тоа помошта, самиот вели, е да се добие решение за изолација на време?!Летниот период Филипче ги искористи за кампања, за одмор, за политички комбинаторики со шефот Заев.Кога бројките на новозаболени и активни случаи не беа како овие сега Филипче како да заборави на короната.

И сега кога бројката на новозаболени се движи околу 30 проценти од заболените вели дека се било под контрола.И додека во светот се спроведуваат конкретни мерки, Филипче дели совети како овој последниов – носи маска.

Наместо пиар, Филипче треба да дејствува. Но, Филипче доцни во се.Затоа сега единствена мерка за решавање на последиците од корона кризата е оставка на Филипче!

Треба да знаете
Последни објави