Search

ВИДЕО: Пепел и ужас – дрон го сними местото на несреќата на Коби

Службата за безбедност на местото Калабасас, Калифорнија, објави видео снимено со дрон од местото на несреќата кадешто загина НБА-ѕвездата Коби Брајант заедно со уште осум други лица.

Снимката е ужасна, насекаде има пепел, а според снимките јасно е дека никој не можел да го преживее падот затоа што хеликоптерот се забил во брдото и веднаш експлодирал.

НБА-легендата во хеликоптерот беше заедно со 13-годишната ќерка Џиџи со која оделе на тренинг. Заедно со нив патувала и Кристина Маусер, сопруга на пејачот на Тихуана Догс, Мат Маусер, инаку работела како кошаркарски тренер.

Меѓу патниците во хеликоптерот биле Сара и Пејтон Честер, мајка и девојче кое исто така играло кошарка, бејзбол-тренерот Џон Алтобели (56), заедно со неговата сопруга Кери Алтобели и нивната ќерка Алиса Алтобели. Алиса играла заедно кошарка со ќерката на Коби. Пилотот е Ара Зобајан.

Треба да знаете
Последни објави