Search

Видео: БИЗАРЕН тренд: Родителите со лего-коцки им објаснуваат на децата за смртта

Музејот на централните гробишта во Виена користи лего-коцки кои имаат намена да ги едуцираат децата за значењето на погребите, со цел да им се помогне подобро да ја разберат смртта, соопшти минатиот петок шефот за комуникации на музејот, Флоријан Киш.

Киш вели дека кога децата процесираат тага, имаат свои правила за тоа.

„Подобро е децата сфаќањата за смртта да ги оформат низ процес на игра, а колку за појаснување, не е предвидено тие самите да играат со овие лего-сетови, без родителски надзор. Истите се наменети со цел родителите и терапевтите да може полесно да го објаснат концептот на смрт и загуба“, додава тој.

Киш истакна дека овие производи се развиени во соработка со Здружението на виенски терапевти и првично се насочени кон децата, но биле толку барани што веќе се распродадени.

„Постојат многу луѓе за кои овој производ на ‘Лего’ има значење. Имаме нарачки од САД, од Русија, од Германија, а има и психотерапевти кои нарачаа комплети за терапија на деца, но исто така и на возрасни“, вели тој.

Треба да знаете
Последни објави