Search

Богојески: Се гледаме на дуел со Мицкоски каде и да посака

Петар Богојески од Македонски концепт преку својот официјален Фејсбук профил упати јавно извинување до сите граѓани на Македонија за како што вели Што не направив дополнителни напори да Ве куртулам од вакви бандити и предавници на Македонија”, откако Иванка Додовска побара јавно извинување за изнесените ставови од гостувањето во дебатната емисија 24 Анализа на Телевизија 24. 

-Во врска барањето на Христијан Мицкоски да престанам да дејствувам на политичка сцена, а испратено преку дотичната “четничка” Иванка Ива Додовска Василевска Македонска… и уште Бог знае каква, изјавувам: Јавно се извинувам на сите Македонци (граѓаните на Македонија), што не направив дополнителни напори да Ве куртулам од вакви бандити и предавници на Македонија!Ветувам дека целиот живот ќе го посветам на изградба на силна македонска држава, без изгубени душички во неа, особено на политичката сцена! Се гледаме на дуел со Мицкоски, каде и да посака… на ТВ… на суд… на улица… нека избира слободно!

 

Треба да знаете
Последни објави