Search

Бекам со нова фризура: Направил трансплантација на косата

Откако бил снимен од папараците со неговата сопруга Викторија (44) и синот Бруклин (19) како излегуваат од ноќен клуб во Лондон, медиумите објавија дека Дејвид Бекам (43) дефинитивно бил на трансплантација на коса.

Имено, поранешниот фудбалер покажал нова фризура, односно на многумина им изгледале дека Бекам ја “обновил” косата, а дека во последно време бил поприлично незадоволен од фактот дека ја губи косата, докажуваат честите фотографии на Давид на кои носи капи или шапки, пренесе Fox News.

Дека бил на тајна трансплантација на коса прв објави британскиот таблоид The Sun, а кога бил прашан за коментар на таа тема, Бекам накратко одговорил преку својот портпарол дека „тоа е многу приватна тема за која нема потреба јавно да се дискутира”.

Треба да знаете
Последни објави