Search

Бакс се бореше со мечка во Галичник и победи

Бакс е азијски овчар, пес кој е херој деновиве во Галичник. Бакс храбро се борел со мечка, која влегла во дворот на една од куќите, но животното на крајот се повлекло, дознава 24 Инфо.

Мечката најверојатно била во потрага по храна, бидејќи, според сопственикот на кучето, го превртела контејнерот за смет во близина, па откако не нашла ништо се упатила кон куќата.

Според викендашите кои летото го поминуваат во Галичник, во регионот има активни три мечки, од кои едното има две мали мечиња.  Затоа од МЗ Галичник апелираат сметот, особено органскиот да се закопува во дворот, а ако е престојува на кратко, отпадот да се понесе назад. Мечките се активни летово, па така помлада мечка била прегазена од автомобил пред неколку дена на излезот од Гостивар кон Кичево.

Иако блиските средби се реткост, сепак треба да се биде внимателен. Најдобар пример е тој од пред неколу дена во Хрватска, на Велебит кога два лабрадори го спасиле нивниот сопственик од мечката, која го нападнала во шума. Стерецот завршил во болница со повеќе повреди, а мечката два пати го напаѓала, но се повлекла по борбата со кучињата додека нивниот сопственик бил качен на дрво.

Треба да знаете
Последни објави