Search

Баерн по 20. пат го освои германскиот куп

Во финалето на фудбалскиот Куп на Германија, Баерн Минхен вечерва во Берлин го совлада Баер Леверкузен со 4:2.

Левандовски постигна два гола за Баварците, а прецизни беа Гнабри и Алаба. Кај оразените во листата на стрелци се запишаа Бернер и Харвец.

За Баварците ова е 20-ти трофеј од националниот куп што е рекорд во германскиот фудбал.

Најблиску до Баерн е Вердер Бремен со шест трофеи.

Баерн трофејот од купот го додаде на шампионската титула од Бундеслигата. Ова е 13-та „дупла круна” за Баерн.

Треба да знаете
Последни објави