Search

Апасиев: Левица ќе поднесе 101 тужба до Управен суд

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев соопшти дека 1.500 приговори на Левица се отфрлени со право.

„Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото. Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ – со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати – ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници“, напиша тој на Фејсбук.

Според него, како би можел нивниот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите – истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК?

„Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмена забелешка во записникот“!? Затоа, за да ја доведеме тотално до апсурд искривоколчената логика на неспособните од ДИК, утре – нашиот правен тим – ќе поднесе 101 ТУЖБА до Управниот суд!“, наведе Апасиев.

https://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/3156746091057374

Треба да знаете
Последни објави