Search

Ангелов ќе го брани голот на Пролет

Македонскиот ракометен суперлигаш Пролет во продолжение од сезоната во домашното првенство на голот ќе го има искусниот Петар Ангелов – Диви. Скопскиот клуб и поранешниот репрезентативен голман Ангелов потпишаа договор за 18 месеци.

Ангелов прави кам-бек во македонската клупска ракометна сцена од Ратинген, а освен во германскиот тим играше и за Кремс во Австрија, за Трембле во Франција и за Анталија во Турција.

Пролет е петта македонска екипа за која ќе брани искусниот Ангелов по Вардар, Металург, Пелистер и Тиквеш.

Треба да знаете
Последни објави