Skip to main content
Хроника

Жител на Горно Оризари приведен заради предизвикување пожар

22/08/2025  20:33

Синоќа во велешкото село Горно Оризари, полициски службеници го привеле 46-годишниот Е.Л., кој со запалка запалил сува трева на отворен простор, по што избувнал пожар. Веднаш по избувнувањето на пожарот на терен интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, која успеала брзо да го локализира и изгасне огнот.