Skip to main content

„Инспекциите ќе продолжат не само во градинките, училиштата и јавните установи, туку ќе има и строги контроли во станбените згради и на целата урбана опрема во општините. Преку меѓуопштинска соработка ќе се надмине недостатокот на инспектори“, изјави Ѓорѓиевски.

Тој одговори и на прашањата зошто дури сега се спроведуваат масовни инспекции, тврдејќи дека проверките се вршеле и претходно, но јавноста не била доволно информирана. Вети дека во следните денови ќе бидат објавени податоци за сите направени контроли по општини.

Унифицирани правила за урбана опрема

Формирана е работна група која ќе изготви унифициран правилник за поставување урбана опрема, кој ќе важи за сите општини. Доколку се утврди дека се потребни законски измени за негово спроведување, ЗЕЛС ќе побара од законодавецот да ги донесе.

Казни за угостителите со нерегуларна урбана опрема

Според Ѓорѓиевски, најголем проблем е урбаната опрема на кафулињата, каде се затекнати многу неправилности. На угостителите ќе им биде даден рок од еден месец да ги отстранат нерегуларностите, по што ќе следуваат санкции. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, веќе започнал со изрекување казни.

Контрола на станбените згради и хидрантите

Во наредниот период, инспектори ќе стапат во контакт со управителите на зградите за проверка на хидрантите. За овие инспекции, надлежна е и Дирекцијата за заштита и спасување, која ќе врши дополнителни контроли.