Skip to main content
Македонија

Во Струмица ќе се спроведат вежби за евакуација на ученици во случај на пожар

24/03/2025  15:01

Во Струмица во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците во случај на пожар, соопшти на Фејсбук градоначалникот Костадин Костадинов.

„Во соработка со директорите на основните и средните училишта на територијата на општина Струмица, во наредните денови ќе се реализираат вежби за евакуација на учениците и училишниот персонал во случај на пожар. Вежбите ќе бидат организирани со учество на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица.