Skip to main content
Балкан

Здравствената состојба на Дачиќ се уште е стабилна

01/03/2026  12:32

Здравствената состојба на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ се уште е стабилна.

Состојбата може да се менува од час во час, сите параметри се следат и се применува современа терапија во согласност со нив и се спроведува дополнителна дијагностика.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше примен во Клиничкиот центар на Србија во среда поради здравствени проблеми. Тој беше хоспитализиран во UKCS, на Клиниката за пулмологија. По приемот, Дачиќ беше интубиран и ставен на респиратор. Дачиќ има билатерална пневмонија.