Skip to main content
Свет

Оштетена српската амбасада во Техеран

01/03/2026  12:18

Српската амбасада во Техеран беше оштетена во воздушните напади врз Иран утрово. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека персоналот на амбасадата се повлекува во Баку.


Како што дознава РТС, нема повредени. Воена база лоцирана во близина на српската амбасада беше цел на нападот. Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди информацијата во интервју за Прва ТВ и додаде дека персоналот на амбасадата денес почнал да се повлекува во Баку.