
Денеска во судот се закажани завршните зборови во случајот против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во контекст на семејно насилство и загрозување на сигурноста.
Случајот се однесува на настани кои, според обвинението, кулминирале со трагичен исход.
На претходното рочиште Јовановски даде исказ во кој ги негираше дел од наводите и тврдеше дека односите со сопругата се влошиле по 2022 година, наведувајќи и конфликти со друго лице… Тој изнесе и тврдења за закани и инциденти, како и околности поврзани со денот на настанот.
Обвинителството, пак, оцени дека неговиот исказ е обид за префрлање на одговорноста, повикувајќи се на материјални докази и вештачења кои укажуваат на насилство и повреди. Завршните зборови денеска ќе бидат клучни пред судот да премине кон следната фаза од постапката.

