
Парадата по повод Денот на победата во Москва заврши. Траеше нешто помалку од два часа, а дроновите „Лансет“ и „Геран-2“ беа прикажани за прв пат. Според „Скај њуз“, на парадата присуствувале 11.500 припадници на руските вооружени сили.
Осумдесет години по завршувањето на Втората светска војна, Русија денеска ја одбележа победата на Советскиот Сојуз над фашизмот со традиционална парада, која започна во Москва во 10 часот по локално време со носење на руското знаме и победничкиот транспарент на Црвениот плоштад, придружени со песната „Света војна“.
Рускиот претседател Владимир Путин го започна својот говор велејќи дека должност на Русија е да го брани достоинството на војниците на руската армија.
Тој истакна дека руското општество „ги поддржува учесниците во специјалната воена операција“.
„Вистината и правдата се на наша страна“, додаде тој.
Повеќе од 20 светски лидери присуствуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад оваа година, вклучувајќи ги претседателите на Кина, Си Џинпинг, на Венецуела, Николас Мадуро, на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, на Србија, Александар Вучиќ, на Република Српска, Милорад Додик и словачкиот премиер Роберт Фицо.
На парадата присуствуваа повеќе од 11.500 војници од руското Министерство за одбрана и други безбедносни структури – ФСБ, Рускиот воен округ и Руската гарда, како и возила од други земји учеснички во војната.
За време на парадата, гледачите имаа можност да видат повеќе од 130 единици воена опрема, ракетни системи „Искандер“, системи за воздушна одбрана, како и најнова технологија.


Прво, пешадиски парадни возила, како и кадети од воените училишта, поминаа покрај трибините каде што седеа рускиот претседател Владимир Путин и 29 светски лидери.
На парадата учествуваа и Козаци, претставени од парадната единица на Кубанскиот козачки полк, воени извидници, деминери, пилоти, морнари, кадети од воени училишта и академии од цела Русија, полкот на Руските воздухопловни сили, како и академии за воено инженерство и други воени академии.


На парадата учествуваа и жени војници, од кои повеќето се наследнички на познати офицерски семејства.