Search

ЗАТВОРЕН ПАТОТ ВАЛАНДОВО-УДОВО

Затворен е сообраќајот на патниот правец  Валандово – Удово бидејќи од обилните врнежи од дожд се излеа Калковска Река кај населеното место Јосифово.

Дел од патниот правец  пред ова населено место е под вода, а кај мостот има и  наноси од чакал и песок каде е заглавен камион. Сообраќајот од Валандово кон Скопје се пренасочува преку населените места Марвинци и Балинци и засега нема најави кога ќе се нормализира патниот правец кон Удово.

Екипи на „Македонија пат“ и валандовското комунално претпријатије се излезени на терен и работат на  отстранување на наносите и проширување на речното корито на Калковска Река, за да се нормализира зголемениот водостој и да се приспособи патот кон Јосифово и Удово.

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов вели дека по нормализирање на временските услови ќе се чисти речното корито на Калковска Река, на која во изминатииве години воопшто не е интервенирано.

Треба да знаете
Последни објави