Skip to main content
Македонија

Засилен интензитет на тактичките активности на Лесната пешадиска баталјонска група во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26″

22/04/2026  13:04

Во рамки на вежбата „БЛЕСОК 26″, на армискиот полигон „Криволак”, тактичките активности на единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) продолжуваат со зголемен интензитет, при што на терен се реализираат сложени сценарија кои бараат брза адаптација и координирана реакција од страна на учесниците на вежбата.

ЛПБГ спроведува активности во услови на различни симулирани тактички дејствија, со што се оценува нивната способност за навремено реагирање, координација и донесување одлуки во динамична средина. Во рамки на вежбовните активности се реализираат сценарија кои опфаќаат реакција при ненадејни закани и контакт со противник, спроведување на АБХО набљудување и извидување, постапување во услови на нарушување на безбедноста на воени објекти и обид на присилно влегување во истите, како и давање прва помош на повредени лица.

Овие активности се реализираат во функција на остварување на целите на обуката и унапредување на борбената подготвеност на единицата.