
Две возила во сопственост на адвокатот Асмир Алиспахиќ биле опожарени во засега неразјаснети околности, дознава 4NEWS.mk.
Според првичните информации, инцидентот се случил во текот на ноќта, по што случајот бил пријавен во полиција. На местото на настанот извршен е увид, а надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за идентификување на евентуалниот сторител.
Засега не е познато дали станува збор за намерно подметнат пожар или за друг вид инцидент. Од истрагата не се исклучува ниту една можност.
Надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот, а истрагата е во тек.

