Search

Заев на суд за случајот „Поткуп“

Заев на суд за случајот „Поткуп“

Во кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судското рочиште за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за примање поткуп од струмички бизнисмен. Предметот никако да почне, поради низа процесни приговори. Апелациониот суд Скопје во декември лани одлучи користењето на видео-материјалот со ПИ-мерките како доказ да го врати на повторно постапување.

Судијката која досега го судеше предметот, Деана Груевска Илиевска, лани се прости од обвинетиот Заев, бидејќи со новиот распоред на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, таа суди во кривичниот оддел за полнолетни. Предметот се очекува да го преземе друг судија од новиот состав на Одделот за организиран криминал и корупција.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет за барање и за земање на поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

 

 

Треба да знаете
Последни објави